MaheR
Број на мислења : 110 Join date : 2008-05-08
| Предмет: Motorola го претстави Z8m, наследникот на Z8 Чет Мај 08, 2008 10:52 pm | |
| Motorola приреди пријатно изненадување со претствување на најновиот Z8m мобилен телефон кој ќе биде унапредена верзија на добро познатиот RIZR Z8, кој компанијата го пушти на пазарот минататa година во Септември. Новиот Z8m свечено е преставен во Јужна Кореа и ќе биде достапен преку SK Telecom, најголемиот Кореански мобилен оператор, по цена од 320 евра. Во поглед на дизајнот Motorola Z8m е речиси идентичен со Z8, со иста тежина и добро познатата банана лизгачка форма. Она што доаѓа како најдобро унапредувањe на новиот модел е апгрејдирана HSDPA конекција, која сега нуди поголема брзина за пренос на податоци до 7,2 Mbps, за разлика од претходниот модел кој има брзина од 3,6 Mbps. Останатите спецификации на Z8m не отстапуваат од рефентниот модел, нудејќи 2,2 инчен TFT дисплеј со 16 милиони бои и резолуција од 240 x 320 пиксели, Symbian UIQ 3.1, музички плеер со MP3 поддршка, AAC и AAC+ поддршка, е-маил, веб пребарувач, Bluetooth 2.0 со A2DP, мини USB, microSD картичка со капацитет до 4GB и 2 мегапикселна камера со блиц и можност за видео снимање. Сеуште не е познато дали и кога ќе појави во станатите земји. | |
|
neno
Број на мислења : 147 Join date : 2008-05-08 Age : 31 Местолокација : Скопје
| Предмет: Re: Motorola го претстави Z8m, наследникот на Z8 Пет Мај 09, 2008 8:28 pm | |
| Еј дај некој нека ми го купи | |
|