Покрај фактот што Crysis е земена како адекватно продолжение на Far Cry, Ubisoft, сопственикот на Far Cry брендот, работи на свое продолжение наречено Far Cry 2.
Првично се најавуваше дека продолжението на популарната Far Cry ќе се појави некаде на крајот на 2008-ма и почетокот на 2009-та, но момците од Ubisoft малку побрзаа со проектот. Far Cry 2 ќе се појави на Есен оваа година. Откако Crytek ги продаде правата на Ubisoft во 2006 година, новото продолжение на Far Cry не е направено од луѓето кои се одговорни за првиот дел, туку официјално второто продолжение од популарната игра ќе биде комплетно конструирано од Ubisoft Montreal studio.
На видео блогот, продуцентот на Ubisoft, LP Pharand ги известува фановите дека играта симултано ќе биде исфрлена за PC, Xbox360 и PS3. Тој исто така изјавува дека тимот работел макотрпно на овој проект и дека нема да има компромис кога е во прашање квалитетот на играта и хардверските побарувања.