MaheR
Број на мислења : 110 Join date : 2008-05-08
| Предмет: Прилика на играчите на Gran Turismo Саб Мај 10, 2008 2:43 pm | |
| Линијата помеѓу дигиталниот и реалниот свет дефинитивно ќе биде уште по заматена по најавите кои ги дале Sony Entertainment Europe и Nissan, познат Јапонски произведувач на автомобили. Новиот проект кој тие ќе го изведуваат ќе го носи името GT Academy и тој ќе им овозможи на најдобрите возачи на Gran Turismo да се испробаат зад воланите на тркачките автомобили на компанијата Nissan. Имено играчите ќе учествуваат во осуммесечно натпреварување преку онлајн мрежа кое најпрво ќе се одржи по земји, па потоа по региони и конечно на ниво цела Европа. Победниците како награда ќе добијат четиримесечна обука во склоп на програма која ќе им овозможи да добијат прави тркачки лиценци, а по сето тоа ќе учествуваат во 24 часовна трка на издржливост која ќе се одржи следната година во градот Дубаи, возејки Nissan 350Z автомобил. Sony и Polyphony Digital ја нарекуваат својата игра Gran Turismo серија игри на тркачки симулатор, а наскоро ќе добијат и одговор на прашањето колку е тоа оправдано. Трките ќе се одржуваат на Play Station Network и GT5 Prologue, а ќе претставуваат и свој вовед во “ полнокрвен” GT5 наслов кој ќе стигне следната година. Конечно ќе добиеме одговор на прашањето кое одамна ги заморува луѓето ширум светот – колку пракса и знаење се стекнати од виртуалниот свет употребен во реалниот живот....... | |
|